понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Тужба за Мајами долфинс: Поминав низ пекол, зашто не сакав секс пред брак

Кристан Ан Вер е 27-годишна Американка и поранешна навивачка, која одлучи да го тужи НФЛ клубот Мајами долфинс за сексуално вознемирување.

Дека е невина им открила на останатите навивачки во 2015 година, кога патувале во Лондон. Поради тоа, постојано се шегувале со неа, а таа не можела да го поднесе тоа.

-Се чувствував како да ме удрил автобус. Останав без текст. Солзи ми потекоа по лицето, објаснува таа.

Клубот го напуштила во 2017 година, а сега одлучила да поднесе тужба зашто смета дека некој треба да плати поради навредите со кои се соочувала во минатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top