недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Могерини утрово на работен појадок со раковдството на ВМРО – ДПМНЕ (фото)

Утрово високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини била на работен појадок со раководството на ВМРО – ДПМНЕ, информираше претседателот на партијата Христијан Мицкоски на Фејсбук.

– На средбата се разговараше за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци. Изразив загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвараат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки преставници на власта, вели Мицкоски за средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top