петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 6 ново

Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје

Едно лице е тешко повредено, а три се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајни несреќи регистрирани изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило.

Од сообраќај се исклучени едно неисправно возило, пет нерегистрирани возила, едно возило со претовар, додека пак 64 автомобили биле непрописно паркирани, а „пајакот“ подигнал 64 возила.

Санкциониран е еден пешак кој поминал на црвено светло, како и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци, и тројца возачи кои не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top