вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Хан песимист: Тешко дека земјите од западен Балкан ќе влезат во ЕУ до 2025 година

Премногу е амбициозно да се очекува дека Западен Балкан ќе влезе во ЕУ до 2025 година, констатира еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Дојче веле.

-Звучи и изгледа далеку, но би значело завршување на преговорите во 2023 година. Можно е, но звучи премногу амбициозно, вели Хан на прашањето дали е реално да се очекува земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија, да се приклулат кон ЕУ.

Шефот за проширување на ЕУ за спорот меѓу Македонија и Грција се надева дека ќе биде постигнат договор меѓу Македонија и Грција за употребата на името „Македонија“.

-Јас сум сигурен дека во наредните недели може да има договор. Мислам дека сега тие се придвижија кон нова страница во нивните односи. Исто така унапредени се односите меѓу Скопје и Софија; тие сега направија договор за добрососедски односи. Мислам дека новата влада во Скопје прави добра работа. Исто така го ценам тоа што опозицијата сега е во многу поконструктивна, се врати во Собранието, учествува во политичкиот живот и посебно кон остварувањето на целта – европската перспектива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top