понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Ќерката на Џафери и синот на Грчев примени без конкурс

Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери и синот на архитектот и претседател на Комисијата за „Скопје 2014“ Мирослав Грчев, добија вработувања во државната „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). Нивните работни места не беа огласени и примени се без конкурс, што дополнително ја зовре јавноста во ситуација кога се бара чесност, непристрасност и транспарентност по промената на власта пред десетина месеци. Од ЕЛЕМ потврдуваат дека своите редови ги засилиле со Димитар Грчев и Бесија Џафери објаснувајќи оти сѐ е чисто и законски, објави „Независен“.

„Примени се преку Агенцијата за вработувања, а во такви случаи тоа значи дека тие не се вработени во ЕЛЕМ, туку ни се отстапени од Агенцијата. Конкретно, нивниот договор е од 5 април и трае до 31 декември, односно до крајот на годината. Колегата е на место инженер за животна средина, а колешката е референт за правни работи. За овој тип вработувања не е потребно да се распише оглас бидејќи се привремени. Хипотетички, доколку по истекот нивните договори бидат продолжени на неопределено, тогаш ќе мора работните места да се огласат. Уште една работа: без оглед што договорите за вработување им се привремени, и за нив мораше да се добие согласност од Министерството за финансии“, велат од ЕЛЕМ за „Независен“.

 

Синот на Грчев потврди дека работи во ЕЛЕМ: Порано ова го викавме непотизам, сега го викате „успеав да се снајдам“

Бесија Џафери и нејзиниот татко засега не се произнесуваат за вработувањето.


Целиот текст ТУКА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top