четврток, 24 мај 2018 | Вести денес: 41 ново

Првиот филм прикажан во арапските кина – со македонска екипа

Одржана е првата кинопроекција во Саудиска Арабија по 25 години. Првиот филм? На платното во првото кино отворено во Саудиска Арабија гледачите ќе го гледаат холивудскиот блокбастер „Црниот пантер“, во чијашто изработка учествуваше и македонска екипа.

Само за оние со покани властите во средата приредиле затворена проекција во концертна хала која е претворена во кинокомплекс во главниот град Ријад.

Киното е отворено за јавност од денес.

Во претходните неколку години Саудиска Арабија постепено ги намалува забраните за емитување филмови, кои се прикажуваат на локални филмски фестивали и во импровизирани кина.

Како што наведува агенцијата, во седумдесеттите години на минатиот век имало неформални проекции на филмови, но таквите настани често биле прекинувани заради религиската политика во земјата.

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на најновиот член на Марвеловиот Универзум „Црниот Пантер“. Филмот од 15 февруари ќе се прикажува на редовниот репертоар на киното „Синеплекс“.

„Црниот Пантер„ е филм за суперхерои, продолжение на „Одмаздниците: ерата на Ултрон“ и „Капетанот Америка: Цивилната Војна“, со кој Марвел ја отвори 2018 година во која ја прославува десетгодишнината од својата работа.

Ликот на Црниот Пантер (Т’чала) е базиран според лик од Марвеловите стрипови, а во филмот улогата ја има Чадвик Босман, а покрај него настапуваат Мајкл Б. Џордан, Лупита Нјонг, Данаи Гурира, Мартин Фримен, Анџела Басет, Форест Витакер, Летиша Рајт, Винстон Дјук и др. Во филмот, Т’чала се враќа дома како крал на Ваканда, но своето кралство го наоѓа во опасност од дологодишен непријател, во конфликт кој може да има глобални последици, и како што самиот ќе открие: „тешко е добар човек да биде крал“. Режијата е на Рајан Куглер, додека сценариото е на Џои Роберт Кол.

Според Кристијан Даниловски, косопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект работеле вкупно 105 артисти од септември до декември минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top