среда, 22 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Интересен избор: Што ќе гледаат Арапите во кино по 25 години?

Одржана е првата кинопроекција во Саудиска Арабија по 35 години. Првиот филм? На платното во првото кино отворено во Саудиска Арабија гледачите ќе го гледаат холивудскиот блокбастер „Црниот пантер“.

само за оние со покани властите вечерва приредиле затворена проекција во концертна хала која е претворена во кинокомплекс во главниот град Ријад.

Според најавите, киното ќе биде отворено за јавност в петок, а карти ќе се продаваат од утре, пренесува АП.

Во претходните неколку години Саудиска Арабија постепено ги намалува забраните за емитување филмови, кои се прикажуваат на локални филмски фестивали и во импровизирани кина.

Како што наведува агенцијата, во седумдесеттите години на минатиот век имало неформални проекции на филмови, но таквите настани често биле прекинувани заради религиската политика во земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top