понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 6 ново

Автомобилот во кој никој не загинал цели 16 години

Волво XC90 и официјално е најбезбедниот автомобил кој се продава во Велика Британија, со оглед на тоа дека од 2002 година, кога се појавил на пазарот во островската земја, во него не загинало ниту едно лице во сообраќајна незгода.

Најголемиот СУВ на шведскиот производител се појавил на пазарот пред 16 години, а втората генерација се појави во 2015 година. Од почетокот на продажбата во Велика Британија, од 2002 година, продадени се преку 50.000 примерци Волво XC90.

Според резултатите на испитувања што ги објавила лабораторијата Татхем рисрч, овој автомобил е најбезбедниот што го тестирале досега. Се наведува дека една од причините што е толку безбеден е раното воведување на електронски систем на асистенција – автоматско кочење во случај на опасност од судир. Овој систем е стандардна опрема во автомобилите што се рподаваат во Велика Британија.

Шведските автомобили со години важат за исклучително безбедни возила. Уште во 2008 година Волво си постави цел од 2020 година во автомобилите што ги произведува да не загине ниту едно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top