недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Се запалил авионот на Жалгирис – пилотот се справил со дефектот, кошаркарите не забележале ништо

Авионот со играчите и стручниот штаб поради дефект на едно од тркалата при слетувањето го зафатил пожар, но со една прибрана реакција на пилотот избегнати се поголеми последици.

Интересно е дека играчите на Жалгирис не забележале ништо чудно, а за инцидентот дознале дури откако го напуштиле леталото.

-Кога ги земавме коферите ни кажаа што се случувало. Летот беше нормален, се беше вообичаено. Сепак не ни беше сеедно кога слушнавме дека сме биле во опасност, рече тренерот на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.

Инаку Жалгирис има сопствен авион на користење.
Првиот од двата меча во оваа четвртфинална серија е вечерва од 20.15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top