петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 73 ново

Ова е директорката што ги остави децата сами во Италија и ја продолжи екскурзијата во Франција

Менча Зафирова е в.д. директорката на Неготинската гимназија „Св.Кирил и Методиј“, која оставила средношколци сами во Италија и ја продолжила екскурзијата во Франција – откриваат за Лидер родители на децата кои сведочат за скандалозниот однос.

Како што дознава Лидер, Зафирова е поставена на в.д директорската функција непосредно по локалните избори од страна на градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

Родителите на социјалните мрежи изразуваат и сомнеж за начинот на кој туристичката агенција „Балкан Турист“ од Кавадарци го добила тендерот за екскурзијата низ Европа, која според законот за средно образование треба да ја имаат сите средни училишта. Тие на фејсбук обвинуваат и дека директорката била блиска со сопственикот на агенцијата и токму поради тоа отишла на екскурзијата.

-Според кажувањата на дел од професорите децата спиеле и поради тоа што биле „проблематични ученици“ ги оставиле во хотелот!?!? Во автобусите настанале гужви, викотници. И замислете шоферот и сопственикот на ТА „Балкан Турист“ од Кавадарци кои ја организираат екскурзијата викаат по професорите дека не можат да ги чекаат децата и дека мораат да тргнат. За жал, професорите не можат да се спротивстават ниту на шоферот, ниту пак на сопственикот затоа што сопственикот и е школски другар на директорката(можеби и тоа е причината за нејзиното заминување на екскурзијата заедно се дефектологот кој што претходните две недели е на боледување и уште не вратена на работа заминува на екскурзија), а шоферот е сопруг на претседателката на Училишниот одбор во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Неготино, пишува фејсбук страницата Неготино-Информации-Случувања.

По скандалозниот настан, како што велат родителите на учениците, се врши притисок скандалот да не излезе во јавност.

-Се обидовме да дојдеме до некоја информација од класните раководители, од професорите како и од учениците, ама молк. Никој ништо не коментира како ништо да не се случило. Само похрабрите ученици, до кои ете не успеале да допрат заканувањата и замолкнувањата од страна на раководните лица кажаа по нешто за настанот. – пишуваат на страницата Неготино-Информации-Случувања.

Родителите го појаснуваат и случајот:

-Се работи за оставање на два ученика, кои се дел од екскурзијата, во Италија и заминување на сите останати за Франција. Веднаш по настанот се огласија дел од нашите сограѓани како и еден од родителите на оставените деца со коментар и реакција, но молк – никаква официјална информација од училиштето или одговорните. – пишуваат на страницата.

извор: Лидер.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top