среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 89 ново

Руски тинејџер избоде соученици, предизвика пожар и се обиде да се самоубие

Властите во руската република Башкирија соопштија во средата дека ученичка и наставник се избодени, а уште други три лица се повредени, откако 17-годипен тинејџер извел напад во училиште во градот Стерлитамак.

„Според нашите информации, четири лица се повредени и одведени во болница во градот, меѓу кои и три деца. Тие се во тешка состојба“, изјави прес-секретарката при републичкото Министерство за здравство Светлана Кускарбекова.

Локалните меидуми тврдат дека ученикот избодел соученичка и уште едно лице од училишниот персонал, по што се обидел да ја запали учелницата. Повредени се две 15-годишни девојчиња и еден наставник.

Најмалку две лица скокнале од прозорец во обид да се спасат. Откако ја запалил училницата се огласил алармот, што предизвикало паника и во соседните училници. Еден од учениците скокнал од прозорецот од вториот кат и сериозно се повредил.

Очевидци тврдат дека потоа 15-годишнотото осомничено момче се обидело да се самоубие. Медиумите соопштуваат дека по интервенцијата, ученикот е во притвор. Тој во последно време на социјалните мрежи објавувал насилен материјал, меѓу кои и видео од масакрот во средно училиште во Колорадо и се заканувал дека ќе „елиминира луѓе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top