понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Бензема: Не ја пеам химната на Франција, затоа што повикува на војна

Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објасни зошто не ја пее француската национална химна кога настапува во дресот на репрезентацијата.

Бензема од неодамна трпи удари од сите страни поради слабата форма, а пред некое време беше критикуван за својот однос и уценувањето на колегата од репрезентацијата, Метју Валбуена но, исто така, бидејќи не ја пее „Марсељезата“.
Бензема верува дека критиките кон добрите играчи е „она што продава весници“.
– Ако ги слушате зборовите на „Марсељезата“, тоа не е ништо друго, освен повик да се оди во војна, а тоа воопшто не ми се допаѓа, објасни Бензема за шпанска „Марка“.
Француската химна е создадена за време на француската револуција и навистина е повик за спротивставување на тиранијата.
Бензема додаде дека често кога бил критикуван, добил помош од претседателот на „белите“, Флорентино Перез. Французинот е во клубот од Мадрид од 2009 година, откако пристигна од Лион. Во текот на девет години на „Сантијаго Бернабеу“, имаше доста критики на негова адреса.
– Големите играчи секогаш ги критикуваат, тоа продава весници. Ако играм лошо, немам потреба од вести за да го разберам тоа. Јас секогаш давам сѐ од себе и не ми е грижа што пишува во вестите. Тоа навистина не допира до мене, изјави Бензема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top