среда, 15 август 2018 | Вести денес: 34 ново

Бибер спасил девојка што момчето ја давело

Популарниот канадски пејач Џастин Бибер удрил непознат маж в лице, а потоа го приклештил до ѕид, затоа што тој фатил девојка за врат и не сакал да ја пушти, објави „ТМЗ“.

Инцидентот наводно се случил минатата сабота на забава што била организирана по повод одржувањето на реномираниот музички фестивал Коачела во Калифорнија.
На забавата на која Бибер наводно го удрил непознатиот маж, присуствувал и Патрик Шварценегер (синот на холивудскиот актер Арнолд Шварценегер), но тој не учествувал во физичката пресметка.

Според информацијата на „ТМЗ“, Бибер и неговиот пријател отишле на забавата, уживале во разговор со другите, кога во еден момент се појавил непознатиот маж.
Кога забележал една од девојките на забавата, непознатиот маж се затрчал накај неа. Сведоци говореле дека мажот изгледал како да е дрогиран, а дека девојката веројатно била негова поранешна партнерка.

Непознатиот маж потоа ја зграбил девојката за врат и не сакал да ја пушти. Бибер и негов пријател барале од него да ја пушти, а тој им одговорил со пцости и продолжил да ја малтретира девојката. Бибер во тој момент го удрил мажот в лице и го приклештил до ѕид.

Девојката била ослободена од напаѓачот, а непознатиот маж бил исфрлен од забавата.
Подоцна момчето што било исфрлено од забавата е видено како трча по автомобил, мислејќи дека во него е Џастин Бибер. Го извикувал името на пејачот и неколкупати го удрил возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top