понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 69 ново

Тачи: Уморни сме од извештаи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по објавениот извештај на Европската комисија, изјави дека Косово е уморно од извештаи и бара конкретни одлуки.

„Европа треба да нè третира како и другите“, истакна Тачи и додаде дека Косово очекува либерализација на визите.

„Го поздравувам извештајот со кој е утврден позитивен напредок кога е во прашање условот за добивање на либерализација на визите, поради што очекувам овој процес да заврши што побргу“, наведува косовскиот претседател. Тој притоа додава дека Косово има доволна политичка желба за продолжување на процесите на интеграција во ЕУ.

„Косово исто така е цврсто определено за продолжување на дијалогот со Србија и добивање на статусот на држава кандидат за ЕУ“, изјави Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top