вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 98 ново

Груевски: Нашите рочишта се тераат на сила за побрзо да завршат, спротивно од она што се случува во случајот „Монструм“

Денеска уште еднаш побаравме за прв пат во овој судски совет да се изземе, односно на тој начин да се провери дали судиите, како што кажа Катица Јанева во нејзиното интервју за една од телевизиите, дека биле прислушувани и дали со тоа се уценувани. За жал како и во еден друг случај судот реагира на начин што е незаконски според сите информации што ги собрав од моите адвокати и од други правни лица, со тоа ризикува да на некој начин сноси одговорност, но под притисок на политиката носи одлука со која што ги отфрла барањата за проверка на тоа дали биле прислушувани и со тоа уценувани судиите, така што ете во тој дух измина денот досега, рече Груевски и додаде:

„Се гледа дека рочиштата се тераат на сила што е можно побрзо да завршат, спротивно од она што на пример како што разбрав од медиумите денеска се случило во случајот „Монструм“ каде што станува збор за петкратно убиство, убиство на пет млади лица, каде што како прво се одложило судењето поради болест на еден од обвинетите. При што како што разбрав истата онаа обвинителка Фатиме Фетаи која што во случајот со општина Центар кога еден од обвинетите беше болен побара да биде уапсен, да биде притворен, во овој случај не побарала притвор, иако во случајот Центар станува збор за едно прилично бенигно обвинување, а овде станува збор за многу тешко обвинување, односно за убиство. Таму за болен се бара притвор, тука кај сто пати потешко обвинување не се бара притвор“.

И втора работа е, потенцираше Груевски, што таму гледаме им закажале за месец дена од сега, а нам ни закажуваат секој ден. -Новина од месец мај е што не ни закажуваат веќе секој ден, туку во некои денови и по две судења дневно. Што е вака еден куриозитет во судството во Република Македонија. Во два работни дена се закажани по две судења и не знам што ќе прават веројатно ќе треба да се усогласуваат и нешто да прават.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top