понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 49 ново

Вардар – Ростов во полуфиналето на ЛШ

Руски Ростов е ривалот на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во лигата на шампионите што на 12 и 13 мај ќе се одржи во Будимпешта. За „црвено-црните” ова е рекордно петто учество на Ф4 турнирот, а Ростов е дебитант на ваквите натпреварувања.

Во второто полуфинале ќе играат ЧСМ Букурешт – Ѓер. Победниците од полуфиналните натпревари ќе играат за златниот медал на 13 мај.

„Нема лесни и тешки ривали. Сите се фаворити на Ф4 турнирот во Будимпешта. Немаме никакви потценувања кон екипата на Ростов. Тие досега покажаа дека се сериозен тим. Знаеме точно што не очекува и како треба да играме. Веќе се сретнавме со нив пред почетокот на сезоната на турнир во Скопје.
Најважно е ние добро да играме, да продолжиме со подобрување на формата. Секоја екипа има свои добри и слаби страни. Ние ќе се обидеме да ја подобриме нашата форма и да најдеме начин да го неутрализираме ривалот. Можеби е добро што нема да играме со Ѓер во полуфиналето, пред сѐ поради домашниот терен. Секако ако сакаме да играме во финале па и понатаму треба да бидеме добри на секој меч. Останува сега добро да се подготвиме, изјави Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.

Вардар досега трипати беше третопласиран на Ф4 турнирите, а лано стигна до финале и несреќно загуби од Ѓер. Напиот тим е еден од фаворитите за освојување на титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top