вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 98 ново

Оваа особина е столбот на секоја среќна врска или брак

Разбирањето, љубовта и довербата се само некои од состојките неопходни за среќен брак. Експертите, пак, сметаат дека особината која гарантира хармонија во бракот или врската е токму емпатијата.

Емпатијата може да се дефинира како способност за разбирање на туѓите чувства и сочувствување со нив. Без ова чувство, партнерите едноставно не можат да постигнат блискост и да се приврзат.

Оваа особина ја стекнуваме уште од мали нозе. Доколку ни ја дадат родителите, ние ќе ја наследиме. Децата кои во детството не почувствувале емпатија од страна на родителите, подоцна имале проблем да се разберат со другите луѓе и да сочувствуваат со нив.

Врската во која изостанува емпатијата станува нестабилно и со текот на времето се распаѓа. Жените по природа се посочувствителни, што често доведува до тоа да мислат дека не се доволно сакани, бидејќи тие вложуваат сѐ во врската, а за возврат добиваат по нешто.

Дури и да не е емпатичен партнерот, неговата желба да сочувствува со саканата ќе ја направи жената среќна и задоволна.

Вложувајте труд и сочувствувајте со вашиот љубовен партнер, бидејќи емпатијата е особина на која може да се работи, а претставува столб на секоја врска!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top