вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 98 ново

Службените трошења ќе ги објават и функционери од пониските ешалони

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за тоа на официјалните веб-страници да се објавуваат службените трошења на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, акционерските друштва во државна сопственост и органите во состав на Министерствата.

Најдоцна до 20 јуни годинава се задолжуваат директорите и замениците на директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на Министерствата и на Инспекцискиот совет, на своите веб-страници да ги објават податоците за нивите службени трошоци за периодот од 01 декември 2014 до 31 мај 2015 година и за периодот од 01 декември 2017 до 31 мај годинава.

Истото, им се укажува да го сторат и на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и акционерски друштва во државна сопственост.

Обврската за објава на службените трошења, на долг рок ќе обезбеди ефикасност во работењето на институциите, како и зголемена одговорност на власта која работи транспарентно и отчетно без злоупотреба на државните ресурси, сметаат од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top