понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 66 ново

Трајановски: Задоволство ми е што е завршен и ставен во функција булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски се огласи на својот Фејсбук профил во врска со булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Две години работев на проширување на овој дел од булевар Христијан Тодоровски Карпош на кој имаше многу објекти на трасата. Ги зачувавме и дрвата од левата и десната страна на булеварот. Повикувам крајните ленти да не се користат за паркирање и да не се нарушува безбедноста. Ми претставува задоволство што е завршен и ставен во функција на сите жители на Скопје, напиша поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top