сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 71 ново

Скопјанец останал без своето „поло“, му го украле од паркинг

Вчера во 20.40 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Д.Н. (40) пријавил дека истиот ден во периодот од 12,00 до 19,30 часот од паркинг на улицата „Лазар Личеновски“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило “Фолксваген поло“ со скопски регистарски таблици.

Сторителот го отворил возилото, влегол внатре, го стартувал со клучот кој бил во возилото и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top