вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицковски до Заев: Со кое срце сте им давале празни ветувања на тие очајни родители?

Со кое срце сте има давале празни ветувања на тие ужалени и очајни родители, прашува на социјалните мрежи колумнистот Ивор Мицковски, откако родители на убиените деца кај Смилковското езеро денеска го обвинија премиерот Зоран Заев дека тој им ветувал оти ќе се дознае вистината, но тоа не се случило. Родителите го обвинија Заев дека тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува.

-Со која леснотија сте им создавале илузии и потоа сте се повлекле од зборот. И сега ќе гледаме како они демек се брукаат, а вие демек ништо не можете. Ви ја порекнаа флоскулата со зборот, пишува Мицковски и во коментар додава:

-Вистината за трагедијата можеби тогаш или никогаш, ама дека Заев им ветувал, ги манипулирал и ги извисил, вистината за неговиот збор, излезе на виделина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top