недела, 22 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)

 

Според светските медиуми Сирија повторно беше цел на напади во текот на ноќта. Биле гаѓани авиобазата Шаират и аеродромот покрај Дамаск. Засега нема официјални потврди за инцидентите.

Арапските медиуми јавија дека противоздушната одбрана на сириската војска во текот на ноќта одбила два ракетни напади на воените аеродроми во Шаират во провинцијата Хомс и во Думеира, 50 километри северно од Дамаск.

 

Според информациите на порталот Ел Масдар две авио-бази се нападнати од израелски авиони од воздушниот простор на Либан, но тоа не го потврдува официјален Дамаск, ниту Тел Авив.

Телевизијата Скај њуз повикувајќи се на очевидци соопшто дека во текот на ноќта во долината на Бека на истокот на Либан од сириска страна се слушале експлозии.

Можно е нападот да бил изведен врз позициите на шиитското движење „Хезболах“ кои војуваат на страната на Дамаск.

 

Телевизијата Ел Манар тврди дека израелската авијација интензивно летала на Голанската висорамнина. Според нивните информации, израелската команда во тој регион префрлила засилување на единиците во војска и оклопна техника во случај сириската војска да одговори на ракетните напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top