недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Погледнете какво време не очекува за 1 мај

По дожделивата и облачна недела следува нов топол бран во Македонија. Дождот и облаците ќе се задржат до петок, а од сабота ќе почне разведрувањето.

Од утре до петок ќе имаме речиси идентично време. Повремено ќе врне, а утре и задутре ќе има услови и за електрични празнења и поизразени процеси во форма на невреме.

Температурата до крајот на неделата ќе се движи меѓу 21 и 23 степени во Скопје и до 25 низ Македонија.

По преодниот период во сабота, од недела повторно имаме високи температури.

Во Скопје се очекува да надминат 26 степени а во некои места на Македонија ќе бидат регистрирани и над 30 степени, што е за 7 до 8 степени над повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Топлото време ќе се задржи сѐ до среда, а потоа ќе има опаѓање на температурите.

Долгорочните прогнози најавуваат дека за 1 мај ќе останеме во рамките на она што веќе се нарекува традиција кога станува збор за временските услови.

Повторно се најавува облачно време со услови за дожд и температури кои нема да поминат 20 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top