недела, 22 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Таткото на убиениот Александар: Бејта разговарал со Азири, Заев знае кои функционери на ДУИ се замешани и уценува

Таткото на убиеното момче Александар, во масакрот кај Смилковци, денеска на судското рочиште за „Монструм“ побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот „Монструм“.

– На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи, вели тој, пренесе Фокус. Тој бара Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница за да се соочи со родителите.

– Исто така, Заев ни рече дека опел омегата, или возилото со кое се превезувале извршителите, е на МВР. Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува, истакна Наќевски пред судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top