недела, 22 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Наташа не ни знаела дека го има: Поради долговите, Лука го продал станот!

Поп ѕвездата Наташа Беквалац со денови не излегува од дома, откако сопругот Лука Лазикуќ брутално ја претепа во нејзиниот стан во Дедиње.

ИТ експертот не можел да го прифати фактот дека сопругата го фатила во неверство, а пораките кои ги разменувал со неколку жени, биле иницијална каписла Беквалац да бара објаснување од сопругот. Како не можел да се оправда, Лазукиќ ја удрил Наташа нанесувајќи и телесни повреди.

По инцидентот на површина испливаа многу работи за животот на Лука. Така се дозна дека сопругот на Наташа должи повеќе од 50.000 евра, поради што пред неколку месеци го продал станот кој го поседувал, а за кој Наташа не ни знаела дека постои.

 

-Таа дури сега сфаќа колку всушност не го ни познавала својот маж. Испливаа некои приказни за кои таа прв пат слуша. Колку што занм, Наташа не ни имала поим дека Лука воопшто го поседува тој стан на Нов Белград- рекол извор близок на Лазукиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top