недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Ова не му е првпат: Лука не смее да стапне во САД поради тепачка за туѓа девојка

Лука Лазукиќ, сопругот на пејачката Наташа Беквалац, во 2011 година предизвикал инцидент во Њујорк, по што добил трајно забранет пристап во САД.

Имено, Лазукиќ пред седум години е уапсен во Њујорк откако претепал американски државјанин во еден клуб, пишува српски Блиц.

Лука тогаш е приведен и во полиција поминал 48 часа, по што е депортиран во Србија со изречена казна за трајна забрана за влез.

Како што пишува медиумот, до инцидентот меѓу Лука и Американецот дошло поради девојка која била во негово друштво, а Лука настојувал да игра со неа по што се случил инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top