недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Избегната трагедија во Тетово: Татко го оставил детето во автомобил, возилото се запалило

Вчера околу 18,00 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ на паркинг избувнал пожар во патничко моторно возило „Ауди А-3“ со тетовски регистерски таблици сопственост на А.Н. (42) од с.Ларце-Желино.

Возачот А.Н. го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете. Во еден момент, од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот за кратко се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово. Причинета била материјална штета од околу 240.000 денари. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top