недела, 22 април 2018 | Вести денес: 1 ново

Синот на Грчев потврди дека работи во ЕЛЕМ: Порано ова го викавме непотизам, сега го викате „успеав да се снајдам“

Димитар Грчев, син на архитектот и советник во министерството за култура Мирослав Грчев, на неговиот фејсбук профил ја потврди информацијата која вчера ја објави Лидер, дека тој, заедно со ќерката на Талат Џафери, Бесија Џафери се вработиле во ЕЛЕМ.

– Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип. П.С. Во Штип повеќе плаќаа, пишува Грчев на неговиот фејсбук профил.

Во коментарите на неговата објава, младиот Грчев налета на жестоки реакции од граѓани и активисти на шарената револуција.

– Тоа во време на ВМРО го викавме непотизам, сега ваљда го викате ,,успеав да се снајдам“. Браво чим се радуваш на државна плата!, коментира една граѓанка.

Уште една корисничка на социјалните мрежи се потсмева со неговата изјава дека претходно земал повисока плата.

– Фино од тебе што повисоката плата во Штип, ја отстапи на некој друг. До лани лаевте, сеа и сензитивни дури. Ај на здравје со нафтава, ама на екс, му пишува граѓанката на младиот Грчев.

Во одговор до револтираните граѓани, Димитар Грчев објаснува дека ја напуштил претходната работа во октомври затоа што таму не му одговарало темпото на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top