недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 73 ново

Синоќа скршено стакло на тимскиот автобус на МЗТ Скопје

Вчера во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“ од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици, во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“-Скопје, а се враќале од натпревар од Гостивар.

Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top