среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 95 ново

Денес и утре Homo Ludens – МАСТЕР КЛАС – Особеностите на актерската игра во Глоуб театар под водство на актерот Огнен Дранговски

ТЕАТАР ФАБРИКА
Homo Ludens – МАСТЕР КЛАС – Особеностите на актерската игра во Globe театар под водство на Огнен Дранговски, актер (17 и 18 април)

Еден од најголемите класици на светската драматургија е вечниот Вилијам Шекспир, кој се поставува на сите меридијани на земјината топка. Неговите праизведби се случиле во Globe театарот во Лондон, местото кое до денес го одржува неговото творештво и принципите на кои се заснова шекспиријанскиот театар. Единствениот македонец кој играл во продукција на Globe театар е нашиот познат актер Огнен Дранговски, кој ја играше улогата на Шајлок во претставата “Венецијанскиот трговец“ во 2014 година и беше дел од “меѓународната актерска дружина” на Globe театарот во 2013. На овој мастер клас Огнен Дранговски преку своето лично искуство ќе ги пренесе особеностите на актерската игра во Globe театар и спецификите на актерската игра во Шекспировските дела во Globe театар.

Примерите на кои ќе се работи ќе бидат од делата на Шекспир

– Директен контакт со публика
– Монолози во проза
– Идиректно контактирање со публика
– Користење на рима и ритам во стиховите (јамбски пентаметар)
– Метафора и хипербола на стиховите
– Вежби за говот и дишење
– Вежби за концентрација
– Вежби за “ловење на публиката“

Мастер класот ќе се одржи на 17 и 18 април во Скопје, две сесии од 4 часа (од 14.00 до 18.00)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top