среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 97 ново

„Јами дистрикт“ апсолутен победник на 11. ИТФ „Лица без маски“

Претсавата „ЈАМИ ДИСТРИКТ“, во режија на Кокан Младеновиќ е добитник на ГРАНД ПРИ наградата за најдбора претстава во целина на 11. ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“.  Жири комисијата во состав: Нина Николиќ, режисер и претстедател на жири комисијата, заедно со членовите на жири комисијата Дарја Ризова, актерка и Драгана Лукан Николовски, драматург, во образложението за наградата велат:

„Претставата „Јами дистрикт“ е заокружен проект во кој јасно се гледа соработката на целата авторска екипа. Занимавајќи се со проблемот на идентитетот во современите општества, особено на Балканот, таа отвора прашања кои вечно остануваат неодговорени. Направена во форма на лажен документарец, проектот јасно покажува дека е производ на темелна анализа и фокусирана работа на сите учесници, чиј краен резултат е претстава во целина која не` наведува постојано да се преиспитуваме, но и која длаболко емотивно не` допира“, стои во образложението на жири комисијата.

Проектот „ЈАМИ ДИСТРИКТ“ ја освои и наградата за најдобра режија, која му е доделена на Кокан Младеновиќ , кој според жири комисијата успешно ги синхронизира мноштвото приказни и ликови, успевајќи да направат едноставни и совршено јасни предоди во наративната линија. Ритамот на претсавата прецизно го следи емоционалниот набој на приказната со што во целост го задржуива вниманието за време на целата претстава.

Наградата за најдобро актерско остварување е доделена на актерката Нина Нешковиќ, од претставата „ЈАМИ ДИСТРИКТ“, која низ спректар на различни актерски техники, покажа исклучиетлно моќна и прецизна актерска игра, со брзи и јасно видливи трансформации низ нинза на многубројни машки и женски ликови, истовремено задржувајќи ја енергијата на играта од почетокот до крајот на претставата.

Жири комисијата, одлучи да додели и НАГРАДА ЗА ОРИГИНАЛЕН КОНЦЕПТ, за проектот „АРКТИК“, во продукција на шпанскиот независен театар „ПОНТЕН ПИЕ“.

„Претставата „АРКТИК“ на оригинален начин ја воведува публиката во еден сосема нов простор, предизвикувајќи несекојдневно сетилно доживување. Поради ова, гледачот станува учесник во магичното, поетично дејство кое без ниту еден збор успева да раскаже потресна, вистинита општочовечка приказна“, се вели во образложението на жири комисијата.

11-то издание на ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, беше затворен со спектакуларната изведба на претставата „ЛА ЛА ЛА“, во режија на Саша Евтимова. Од 12 до 16  април, во официјалната програма беа прикажани седум театарски прозиводи од земјава, Грција, Шпанија, Србија и Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top