четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 114 ново

БЕСА на Касами влегува во Влада

Беса на Билал Касами 99 отсто ќе биде новиот владин партнер, брифира за Плусинфовисок функционер на Беса по вечерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и Касами.

Состанокот меѓу Заев и Касами за проширување на владеачкото мнозинство се одржал вечерва во 20 часот и треал некаде час и половина.

Функционерот од Беса брифира дека на средбата се разговарало за подготвеноста на Беса да биде дел од Владата. Средбата Заев – Касами, вели функционерот е потврда на принципиелниот став на Беса да ја поддржи Владата на седницата за интерпелација и оттука Заев, разговорите за зголемување на владеачкото мнозинство ги почнал токму со Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top