четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 114 ново

Таравари до МВР: Не ги штитете бандитите кои истепаа професори

Во историјата на Гостивар, никогаш не се случило партиски војници да влезат во училиште и да тепаат професори, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во врска со обвинувањата и тврдењата на „Алијансата на Албанците“ дека активисти на ДУИ истепале професори во гостиварската гимназија.

-Насилството кон двајца професори од страна на поранешен затвореник, телохранител и возач на Невзат Бејта, и од страна на синот на директорот на училиштето, кој исто така е познат како проблематичен. Тие влегле во училиштето вооружени, а целата ситуација била оркестрирана од страна на директорот на училиштето, кој од сабајле му рекол на еден од истепаните професори – ќе видиш што ќе те снајде. Така и се случи, двајцата професори завршија со сериозни повреди во неврохирургија во Скопје, рече Таравари.

Тој побара од Министерството за образование и наука да му се вратат ингеренциите на градоначалникот, а надлежните органи целосно да го рассветлат случајот и сторителите да бидат соодветно казнети.

-Рековме дека одземањето на надлежностите во образованието ќе носи последици и ете ги гледаме последиците. Бараме од Министерството за образование и наука да ни ги врати овластувањата, да се суспендира директорот на гимназија како сценарист на овој напад, бараме од Министерството за образование да ја информира општината кои чекори се преземени за конкретниот случај. Ние како општина формиравме комисија која го истражува случајот, зошто дојде од овој насилен инцидент, а од МВР бараме да не ги штити бандитите и да го расветли случајот. Јас сум многу убеден дека ако тој ден, напаѓачите беа активисти на Алијансата на Албанците, тие ќе беа денес во затвор. Додека двете лица кои ги истепаа професорите, слободно се шетаат и им се закануваат на граѓаните и на другите актвисти на Алијанадата за Албанците, изјави Таравари

Таравари нагласи дека не сака одмазда, но инсистира на тоа надлежните органи да ја извршуваат својата должност во корист на правдата.

 

извор: макфакс

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top