недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

Споменици на Никола Бадев и Пеце Атанасовски поставени во Кисела Вода

Два нови споменици на Никола Бадев и Пеце Атанасовски се појавија во парк во Кисела Вода во близина на Домот на култура кој пред две години беше реновиран од претходното раководство на општината.

Од општината за „Фокус“ кратко брифираат дека спомениците се нарачани и изработени од претходното раководство, а тие само требало ги постават.

Еден од главните аргументи на СДСМ, од чии редови доаѓа актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, беа дека ќе се стави крај на „лудилото“ со градење на спомениците.

Поставувањето на новите споменици го нема ниту на општинската веб страна, на која се бележат сите настани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top