четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 115 ново

Хигиеничар нападнал ученик кој одбил да фрли лименка во корпа за отпадоци

Малолетник бил физички нападнат од страна на хигиеничарот во основното училиште „Коле Канински“ во Битола, откако 14-годишникот турнал лименка од прозорецот, додека го чекал наставникот.

Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика да ја фрли лименката во ѓубрето. Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето.

Малолетникот се здобил со повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот. Подоцна, настанот бил пријавен и од директорот за училиштето. Во тек е истрага за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top