недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 53 ново

Јакимовски: Уште два живота да има Богоев, нема да го постигне мојот успех

Во изјава за „Независен весник“, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефчо Јакимовски тврди дека ниту еден денар не потрошил незаконски.

-Не им се плашам, чист сум како солза. Одговорно тврдам пред целата македонска јавност дека ниту 1 денар не е потрошен незаконски. Жалосно е што се злоупотребуваат институциите за да градоначалникот Богоев има алиби за своето неработење. Оваа заедничка игра на Богоев е доказ за неговата безидејност кој за време на работа игра плејстејшн со другарите. Уште два живота да има, нема да го постигне мојот успех. Очигледно дека на некои сум ноќна мора, вели во изјава за „Независен весник“ ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Тој денеска беше прозван дека незаконски трошел буџетски средства, ја градел општинската зграда без соодветен проект, со многу субјекти со кои Општината финансиски ги помагала, не склучувал никакви договори, носел одлуки без неопходните согласности од Советот на Општината…Впрочем, тоа го утврди Државниот завод за ревизија кој самоиницијативно ја „чешлаше“ Општината за периодот во 2016 година.

-Ќе повторам, не им се плашам, ниту пак очекувам обвиненија од Основното јавно обвинителство и од Управата за финансиска полиција, додаде Јакимовски за „Независен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top