недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!

Исламската држава објавила сурова закана која најавува смрт и разорување во њујоршкото метро.  Пеколната закана гласи Ќе посееме смрт по метрото во Њујорк и…!

Последните неколку недели, исламските екстремисти се закануваат со напади во Париз и за време на финалето на Светското првенство во Русија, кое ќе се одржи во првата половина на јуни и почетокот на јули оваа година.

Во најновите закани, објавени на социјалните мрежи, прикажан е маж кој стои на прометна станица во њујоршката подземна железница “Haj Strit – Bruklin bridž” со експолозив во рака, а позади него е тајмер кој го одбројува времето. На плакатот пишува: “Ќе ве нападнеме на неочекувани места”.

Пропагандното крило на исламската држава – Медиумска фондација “Wafa” – продолжува да се заканува и покрај тоа што т.н. Калифатот на Исламската Држава трепи големи загуби во Сирија и Ирак. Исламските екстремисти се повеќе се потпираат на индивидуалните следбеници, кои треба да ја продолжат нивната насилна акција ширум светот.

 

извор: vesnik.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top