среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 97 ново

Запознајте ги бактериите кои живеат во вашиот телефон

Студентите од одделот за микробиологија на Универзитетот во Сари успеале да соберат прилично сериозни видови на бактерии од мобилните телефони и да ги претворат во уметност.

Овие студенти, собрале широк спектар на бактерии од човечка (лична) и физичка интеракција, почвата и др. и ги ставиле во петри садови (садови за клеточна култура) да отстојат 3 дена за да пораснат, па ги фотографирале и ги изложиле на големи уметнички платна за јавна презентација.

-Нашиот мобилен телефон не само што ги помни телефонските броеви, туку ја зачувува и историјата на нашите лични и физички контакти-вели Симон Парк, студент и креатор на бактериолошката уметност.

Парк вели дека иако мноштвото бактерии се сосем безопасни, сепак биле пронајдени и бактерии како стафиликока, труење со храна и синузитис. Тој вели дека, популарните телефони на допир се апсолутно најголемиот и најлошиот извор на бактерии, речиси толку лоши како и компјутерските тастатури и содржат 18 пати повеќе бактерии, отколку што има во школките на јавните тоалети.

За да се спречи постоењето и наталожувањето на бактерии, како превенција од болестите кои може да ги предизвика овој уред. се препорачува телефоните секојдневно да се бришат со антибактериски влажни марамчиња.

 

извор: zivejzdravo.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top