четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 112 ново

Томина недела ден за чатал – И Ременски мераклијка на мотор БМВ (ФОТО)

Дојде животот во Македонија, а тоа најдобро го потврдуваат првите пролетни денови – со првото сонце функционерите ги извадија моторите. Како и премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ и на Собранието на РМ е мекраклијка на мотор БМВ.

Семејството Ременски, потпретседателката на Собранието и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, началник во МВР, вчерашниот празник го искористија да се повозат со моторот БМВ, но и со споделување фотографии во албум насловен симболично „Живот“ да се присетат на моменти минати со убавецот на две тркала.

На Ременски им се видело интересно и вредно за споделување и возењето на премиерот, па споделиле по некоја фотографија и од неговата тура.

Во анкетниот лист Фросина Ременски навела дека нејзиниот сопруг поседува две возила, автомобил БМВ и мотор веспа. Моторот БМВ 1150рт не е наведен како имот на семејството Ременски, исто како што го нема во имотниот лист и моторот на премиерот БМВ K 1600 GT/GTL Excl.

Владиниот портпарол денеска информира чија сопственост е моторот на Заев, а чекаме Ременски да кажат зошто моторот БМВ не е наведен во имотниот лист на потпретседателксата на Собранието.

Моторот не бил на Заев бил службен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top