недела, 17 јуни 2018 | Вести денес: 112 ново

Медицинските сестри не прифаќаат зголемување од 80 денари за ноќен труд: Бараат да бидат плаќани по дежурства (видео)

Унијата на медицински сестри, акушерки и техничари “За нас“ не го прифаќа понуденото зголемување за 80 денари за ноќен труд. Со овие пари би добивале околу 300 денари месечно. Категорични се дека со ова не се вреднува нивната работа. Околу 5500 здравствени работници со средно, вишо и високо образование обединети во Унијата инсистираат нивната ноќна работа да биде плаќана како дежурство исто како за лекарите.

– Според сегашниот начин на пресметка за ноќната смена тие добиваат 210 денари или 29 проценти од саатнината, а со најавеното зголемување на 65 проценти од саатнината би добиле покачување од само 80 денари, што велат, не е прифатливо, изјави Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата наздруженија на медицински сестри “За нас“.

Од Унијата на здруженија на медицински сестри денеска одржаа итен состанок со гранковиот синдикат за здравство. Револтирани се што воопшто не  биле ниту вклучени ниту информирани за овој анекс договор.

– Сестрите и другите сродни струки не работат во таква сменска работа, туку заради потребите на службите и дефицит на персоналот во викендите, празниците, па и во обичните денови работат по 15-16 часа, со што ја надминуваат 12-часовната саатнина која формира сменска работа, односно влегуваат во саатнина која значи дежурство, додаде Бешлиовска.

Медицинските сестри и останатиот средно медицински кадар здружени во унијата  никвните барања ќе ги достават и до министерството за здравство. А за следните чекори дополнително ќе одлучат.

извор: сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top