недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 84 ново

Им украле 8 000 евра: Двајца тетовци пет години мамеле сограѓани, ветувале средства за рурален развој

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.К. (31) од Скопје и З.С. (55) од село Ратае, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“.

Во периодот од 2013 година до јануари 2018 година на жители од Скопје и селата Жилче и Ратае, пријавените за одреден паричен надоместок им нуделе помош за добивање на неповратни парични средства од програмата за рурален развој, и покрај тоа што не ги исполнувале законските услови. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 504.280 денари, околу 8 200 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top