четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 113 ново

Младо момче направило хаос во полициска станица: Им се заканувал на вработените дека ќе ги убие, нападнал полицаец и избегал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Р. О. (20) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста на службено лице”, „бегство на лице лишено од слобода” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 25.03.2018 година околу 05.50 часот во Пробиштип пријавениот учествувал во сообраќајна незгода и го напуштил местото, но набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица. При приведување, тој упатувал закани по животот на полициските службеници и нивните семејства. Истиот ден околу 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип, во просториите за задржување, пријавениот физички нападнал полициски службеник и побегнал. При повторното приведување, тој пружал активен отпор, а се обидувал физички да ги нападне полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top