недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 68 ново

Од Скопје до Гевгелија ќе се плаќаат пет патарини 

Наместо три како што беше првично планирано, на новиот автопат од Демир Капија до Смоквица којшто треба да биде пуштен во употреба до крајот на месецот, ќе има две патарини. На стариот пат во овој дел досега немаше ниту еден наплатен пункт.

Тоа значи дека за 28 километри ќе има две плаќања, односно од Скопје до Гевгелија ќе имаме дури пет патарини. Но, граѓаните годинава кога ќе патуваат кон Грција ќе бидат поштедени од плаќање на новите две патарини. Тие се очекува да бидат изградени до крајот на годинава.

– Од моментот на давање на дозволата за градба, рокот за изградба е осум до десет месеци… Две патарини ќе има, една кај Гевгелија, една кај Демир Капија….Со најсовремен систем со сите светски мерила, да немате веќе застој – рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top