петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 112 ново

Вечното скопско дерби ќе се игра во Гостивар

Ниту во „Градски Парк“, ниту во „Јане Сандански“, ниту во „Борис Трајковски“- вечното скопско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе се одигра денеска во Гостивар од 19 часот.

Ова е конечната одлука донесена по проблемите со семафорот во „Градски парк“ и неможноста истиот да се санира навреме и да се обезбедат регуларни услови за игра. Големото кошаркарско дерби требаше вчера да се одигра во Скопје, но поради наведените проблеми беше одложено за денеска со надеж дека сите услови во домот на центарци ќе биде исполнети за спектакл. Средбата најверојатно ќе се игра без публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top