четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 113 ново

Денеска во Њујорк се доделва Пулицеровата награда

Денеска во Њујорк ќе биде доделена Пулицеровата награда. Имињата на добитниците во категориите новинарство и уметност ќе бидат објавени денеска попладне, на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк.

Пулицеровата награда ќе биде доделена за најголем придонес во новинарството во 2017 година во весниците, списанијата и сајтовите.

Наградата се доделува во 14 категории, од најдобро известување преку фотографија и критика, до коментар.

Во категоријата уметност, наградата се доделува во седум категории, вклучувајќи драма, фикција и музика.

Првпат наградата, во категоријата новинарство, е доделена во 1917 година.

Наградата ја воспостави Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по смртта 1911 година сиот свој имот го остави на Универзитетот „Колумбија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top