понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 84 ново

Сведочење за нападот над Села: Маскиран како полицаец го изнесовме од Собрание, прашуваше „Каде ме носите?”

Заедно со Владимир Стојков и колешката Милунка, од Клубот на пратеници, Зијадин Села го однесовме во бифето каде му беше дадена прва помош, сведочеше Абдулфетах Аљими во случајот за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, на 27-ми април минатата година.

– Села го носевме преку помошните скали, на погорните катови. Тој не беше присебен и ме прашуваше на македонски:„Кај ме носите?”, а јас одговорив: „Во сигурни раце сте”. Кога се качив горе, во гаражата викаа: „Не е завршена работата со Села”. Потоа отидовме на третиот кат, најдовме отворена канцеларија и влеговме: јас, Села и уште еден дечко. Го ставивме Села под маса. Викнав помош, дојде медицинска сестра вработена во Собрание. Ми се јави поранешниот пратеник Зулфија Аљиљи, а потоа и Аљи кои ме поврзаа со еден полицаец. Ми се јавија на телефон им кажав дека ми требаат 5 полицајци во цивилка. Тие дојдоа, беа 3 во цивилки, 2 во униформа, 1 доктор и 1 сестра. Со носилка го однесовме на приземје. Села беше маскиран, со капа и легитимација од полицаец. Баравме од пратеникот Ѓорчев оклопна кола, а таа не чекаше пред гаражата. Го ставивме таму и го однесовме во Државна болница, рече Аљим.

(изворМакфакс)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top