понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 72 ново

„Ла ла ла“ на Саша Евтимова на затворањето на „Лица без маски“

Со кореодрамата „Ла ла ла“, авторски независен проект на Саша Евтимова, ќе биде означен крајот на 11-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“. Претставата „Ла ла ла“, е дел од официјалната натпреварувачка програма на фестивалот и ќе биде изведена на Малата сцена при МОБ, со почеток од 22 часот.
Претставата „Ла ла ла“ еден сон за убавите спомени, раскажани со помош на одличната музика на Драган Ѓаконовски Шпато, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски, Дуке Бојаџиев, визуелизирани преку совршената кореографија на Саша Евтимова.


Веселата и ведра приказна, ја раскажуваат солисти и балетскиот ансамбл на МОБ, Ангела Велевска, Игор Веланоски, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ Ангела Богатинова, Агим Бафтии, Мила Ниновска Кристијан Јангос, Дилјана Јанева, Мартин Саздовски, Медина Јусуфовиќ, Ендру Кук, Романа Јуханесовичова, Симона Митовска, Андреј Литвиненко, Саша Евтимова.


Веднаш по завршувањето на претставата „Ла ла ла“, на сцента на МОБ, ќе бидат доделени трите фестивалски награди: Гранд при за најдобра претстава во целина, Наградата за најдобра режија и Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот, за кое одлучува жирито во состав: Нина Николиќ, режисер, Дарја Ризова актерка и Драган Лукан Николовски, драматург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top