сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 36 ново

Катимерини: Заглавија преговорите за името

И покрај оптимизмот од почетокот на годинава дека договорот со Поранешната југословенска Република Македонија беше на дофат, импулсот по неодамнешните разговори меѓу министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров во Охрид, се чини, е во надолна линија, констатира грчкиот веснк Kathimerini.

Ваквиот впечаток, кој го споделува веќе и јавноста во Република Македонија, според грчкиот весник јасно произлегува од извештаите и официјалнтие соопштенија за текот на охридските разговори, на кои шефовите на дипломатиите на двете земји се согласиле за речиси сите периферни прашања. Сепак, останува големата разлика за главните прашања, како што е Уставот на Република Македонија и опсегот на корстењето на новото договорено име.

Грција бара да Скопје да го редефинира својот Устав, или како што пишува весникот „да го ослободи“ од некои одредби што може да доведе до иредентистички тенденции кон северната грчка провинција (која од доцните 1980-ти го носи името – з.р.) Македонија. Сепак, пишува натаму Kathimerin, властите во Скопје не се согласуваат со грчкото барање за „ерга омнес“, односно договореното име да се користи секаде.

„Сосема блиску сме до решение коешто ќе ги потврди термините за идентитетот, етничката припадност и јазикот“, изјави во неделата македонскиот премиер Зоран Заев, додавајќи дека Скопје, најверојатно, нема да се согласи со барањето на Грција за промна на Уставот на земјата и новото да се користи во сите случаи, и во домашната и во меѓународната комуникација.

Скопје, исто така, оценува во продолжение коментаторот на весникот, не сака да ги менува одредниците во својот Устав за „македонскиот“ јазик и идентитетот, кој Грција не го признава.

Сигналите дека првичниот ентузијазам е спласнат ги дава и фактот што следната средба на Коѕијас со Димитров ќе се одржи речиси за три седмици. „Овој временски период се разликува од трите претходни средни меѓу Коѕијас и Димитров во Скопје, Охрид и Виена, кои се случуваа во рок до дваесетина дена“, пишува Kathimerin.

Помеѓу нивните состаноци во Виена на 30-ти и 31-ви март и во Охрид на 11-ти и 12-ти април, Коѕијас и Димитров го рагледуваат писмото испретено од специјалниот пратеник на Обединетите нации, медијаторот во спорт Метју Нимиц во кое се наведени параметрите за можното решение. Според извештаите, како што додава грчкиот весник, американскиот дипломат смета дека може да се направат само ограничени подобривање на сегашјната состојба, и оти затоа двете страни треба да продолжат до постигнување конечен договор.

Забавениот напредок, исто така, појаснува зошто првичната цел за завршување на разговорите до крајот на март не беше исполнета. Весникот забележува дека македонските претставници постојано ја искажуваат својата желна што поскоро да се потигне договор, за да може да се одржат референдум пред самитот на НАТО во јули и да го забрзаат пристапувањето на земјата во Алијансата и потсетува дека Грција стави вето за членството до решавање на спорот за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top