сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 1 ново

На „Табановце“ откриени мигранти во вагон на товарен воз

Четири мигранти од Авганистан и еден од Иран биле откриени на граничниот премин „Табановце“ во вагон од товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Унгарија.

Случајот во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“ вчера околу 14 часот го пријавил царински службеник на граничниот премин.

Мигрантите биле пронајдени при контрола на контрола на вагонот од товарниот воз.

Со лицата бил извршен разговор, по што биле пренесени и предадени во транзитен камп Табановце за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top