понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Дибиров стрелец на најубавиот гол на Ф4 турнирот на СЕХА (видео)

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров го постигна најубавиот гол на Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Ракометарот на Вардар во 22.минута од синоќешното финале со Загреб, иако беше во скок надвор од рамнотежа, успеа од дланка да и даде „спин“ на топката и да го совлада противничкиот голман.

Дибиров се најде и во идеалниот тим на турнирот. Вардар го освои шампионскиот трофеј по триумфот над Загреб со 26:24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top